Редок политичар кој признава грешки и со кој можеш да зборуваш отворено – Љупчо Николовски [ИНТЕРВЈУ]

I PORTAL: Велите на ВМРО-ДПМНЕ им останаа само лагите. На што мислите?

Николовски: Тие имаат една единствена порака. Немаат ниту програма, ниту конкретни мерки. Велат само дека сме го губеле јазикот, сме го губеле идентитетот.

А македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност се денеска признаени од сите. Од Европската Унија, од НАТО, од целиот свет! И Грција и Бугарија, но и Германија, Франција, САД и сите останати моќни сили официјално го признаваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Единствени што ја омаловажуваат македонската гордост нарекувајќи нè “северџани” и други грозни измислици, се самите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Нека им служи на чест и нека се засрамат!

 

I PORTAL: За што сте ѝ лути на опозицијата во тие две и пол години колку што бевте на власт?

Николовски: Зошто не сакаат единство. Зошто не сакаат парите да се вратат кај граѓаните, ги интересира само да нема судски случаи против нивните водачи и членови. Толку! Ништо друго не им е гајле.

Како да не се лутам кога гласаа против сè она што враќа пари назад кај граѓаните. Гласаа против укинување радиодифузна такса, против воведување евтина струја, против поврат на ДДВ, против национална платежна картички, против сè!

Гласаа против зголемување на минимална плата замислете! Тие сакаа да си остане минималната плата на 9.000 денари. Мизерни 9.000 денари. Кажете ми, што да направи семејство со 9.000 денари? Деца да нахрани, кровот на глава да се задржи, да се купи облека, образование, што да направи?

Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, а и тоа не е доволно! Во следниот мандат ќе оди до 20.000 денари зошто овој македонски народ мора да го кренеме од 11-те години угнетеност под ова фејк-њуз ВМРО кое сè уште е истото, нереформирано груевистичко членство.

 

I PORTAL: Навистина ли сте погодиле 7-ка на лото, но не сте го уплатиле ливчето?

Николовски: Да, тоа е многу интересна семејна анегдота. 1992 или 1993 година бев трето или четврто одделение. Си напишав среќни броеви и бидејки родителите беа на работа, го замолив брат ми да им ги даде бројчињата за тие да ги уплатат. Постариот обично не го слуша помалиот брат, па така беше и овој пат. Бројчињата си останаа запишани и неуплатени.

Вечерта, во детската соба, сам го гледав извлекувањето. Во втората колона ги имав погодено сите 7 броеви и викав на цел глас “Седмица, седмица”! Татко ми дотрча од дневната соба за да види што се случува и му кажав.

Утредента купив бонбони и го частев целото одделение. Можната добивка беше 82 илјади марки замислете!

Како дете, тоа го запомнив многу добро. Среќата не паѓа од небо! Треба да заработиш за да имаш. Треба да се испотиш за да заработиш. Треба да се потрудиш за да се испотиш.

Без труд нема ништо! Не ти паѓа седмица ако немаш уплатено.

Па, така и ние. За кратко време како народ направивме многу, но и многу дадовме. Многу пот, многу страв, многу жртви, многу труд. Сега кога е тоа завршено, кога сме се исправиле од чизмата на бегалецот од Будимпешта и не сме веќе згрбавени, време е да зачекориме напред. Влеговме во НАТО, влегуваме и во ЕУ. Дадовме многу труд и ни се отвори неповторлива шанса. Можеме и мораме да ја искористиме!

 

I PORTAL: Еден сте од ретките политичари кои велат дека имало работи кои можеле да се направат подобро, кои отворено зборуваат дека не е сè розево во нивните партии и во политиката?

Николовски: Тоа е вистината. Но, мора да сме свесни за една работа. Ништо не се случува преку ноќ!

Знаете јас како велам? Замислете колку само внимание, посветеност и грижа треба за секое зрно семе да роди здрав плод.  Цвеќе, овошка, зеленчук, што било… Колку само труд треба за стеблото да се врати во живот откако истото заболело.

Нашето стебло драги луѓе болуваше 11 години. Многу чекори наназад отидовме. За среќа, се потевме и работевме како најпосветените и целиот прогрес кој го направивме, го направивме за само две и пол години. Толку беше, две и пол години.

Далеку од тоа дека направивме сè  Но, сите тие успеси – повисоки плати, поголема социјалната помош, повисоки пензии, субвенции, укината радиодифузната такса, воведена евтина струја, поврат на ДДВ, платежни картички и што уште не…

Членки сме на НАТО, преговараме со ЕУ. Сето тоа се направи за само половина мандат!

Сега бараме чист и цел мандат. За да ги решиме другите проблеми на кои сме се нафатиле. А за мене лично, правосудството е клучно. Бидејќи имањето на систем во кој оние кои грешат одговараат за делата, решава многу работи за иднината. Време е да се фокусираме на тоа, а можеме да направиме успех и на тоа поле, докажуваме со новиот закон за обвинителство кој всушност ни ги отвори вратите кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e