Разрешена судијката Лаличиќ, која со Мијалков зборуваше за „сваровски “ поклони и именување судии

Судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ од судиската функција. 11 членови на Судскиот совет изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а 2 биле „против“.

Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која својата кариера ја започнала на 28 години. Таа беше
истражувана и од некогашното Специјално јавно обвинителство, бидејќи поседуваше телефонски разговори и смс комуникација помеѓу разрешената судијка и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Поради ова, таа беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО. Разрешена судијката Лаличиќ, која со
Мијалков зборуваше за „сваровски“ поклони и именување судии
„Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. Донесена е одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, велат од Судскиот совет.

Во прислушуваниот разговор помеѓу разрешената Лаличиќ и Сашо Мијалков кој е јавно објавен се слуша како ексдиректорот на УБК и завршил работа на неа, а потоа зборуваат за избирање на други судии и купување на „сваровски“ поклони.

Извор: А1 он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e