Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне доби зелено светло на матичната Комисија за европски прашања.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во образложението рече дека ако сакаме да направиме сè што можеме за да го фатиме европскиот воз, потребно е навреме да ја информираме Грција за да го извести Советот на ЕУ дека ги повлекува забелешките.

Министерот додаде дека сите се патриоти, и оние што се согласуваат со договорот и оние против него. „Да прифатиме дека сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот“, рече Димитров, кој додаде дека не сме доволно свесни за одговорноста за неносење одлуки. „Чувме дека во минатото можеше да има и подобри решенија. Но, должност е на тие што ја водат земјата да видат дали може да чекаме уште пет години. Одговорноста од пропуштање на шансата е преголема“, предупреди министерот.

„Oва е за нашите деца. Да се владее значи да се направи избор. Ние го направивме заедно изборот – Македонија цела суверена евроатлантска Македонија“, рече пратеникот од ДУИ, Артан Груби пред Комисијата за европски прашања.

Опозицијата не учествуваше на расправата и воопшто во работата на Собранието со образложение дека договорот е капитулација на Македонија, правна лакрдија, неуставен и незаконски. Неизвесно е нивното учество на денешната собраниска седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e