Распишана потерница, полицијата го бара Груевски

Во 16 и 32 судот побара од МВР полициска асистенција за пронаоѓање на поранешниот премиер Никола Груевски.

Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата, велат од МВР.

Од полициски извори ТВ Телма дознава дека барањето, во кое има и потерница за експремиерот, всушност значи пронаоѓање на Груевски и спроведување во истражниот затвор Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e