Рашковски: Со имплементацијата на Законот за употреба на јазиците се обезбедуваат правата на граѓаните коишто природно им следуваат

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи како дел од институционалните средби поврзани со процесот на надзор во спроведувањето на реформите од Плановите 3-6-9 и Планот 18 оствари средба со членовите на надлежната Меѓуресорска работна група, директорот на агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски и заменикот на генералниот секретар на Владата на РСМ, Тахир Хани.

Генералниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски, истакна дека со имплементацијата на Законот за употреба на јазиците се обезбедуваат правата на граѓаните коишто природно им следуваат, а секое право треба да им служи на луѓето. Тој како носител на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците, рече дека имплементацијата на овој Закон е позитивно прифатена од сите институции и дека Владата на Република Северна Македонија дава институционална и техничка поддршка, како и преку препораки за целосна имплементација на овој Закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e