Расчистен случајот со сквернавењето на државното знаме

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчистил случајот со сквернавењето на државното знама на Република Северна Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“, соопшти денеска МВР.

– Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e