Пратеничката Даниела Рангелова синоќа во Отворено на ТВ 24 изјави дека во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има неколку луѓе, кои вршат сериозен притисок врз членовите и функционерите на партијата.
Рангелова нагласи дека такви притисоци имало на денот на референдумот.
„И вечерашното недоаѓање на Митко Јанчев е од тие причини. Се слушнав со него пред час и половина. Ми кажа дека доаѓа. Сега е под некаков притосок. Не прејудицирам од кого, но е под некаков притисок“ – рече таа.
Таа изјави дека ако работите продолжат да се движат во оваа насока партијата оди во изолација.
Вели дека ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија и нејзините членови и функционери имаат право на сопствено размислување.
Рангелова рече дека лично се срами од постапката на пратениците од
ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои беше и таа, кои на денот на гласањето за отпочнувањето на процесот за уставни измени станаа и на некој начин со презир гледаа кон нивните сопартијци, кои одлучија да го стиснат копчето и да дадат поддршка.
Инаку таа вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО -ДПМНЕ, но сепак останува дел од пратеничката група на оваа партија.
