Во денешниот број на дневниот весник Слободен печат објавено е писмото од Велија Рамковски, сопственикот на А1 телевизија, кој веќе 6 години издржува казна затвор. – пренесе 24 Вести.
На 22 септември оваа година, двајца полицајци, со лисици на рацете, ме спроведоа во судската сала во судот, за после петнаесет минути судијката да им нареди да ме изнесат од судница и да ме вратат во затворот „Идризово“, пишува Рамковски. Пролетта 2011 година, во затворот во Шутка, бев сослушан од обвинител, во врска со обвинение против мене од некој си Загрепчанец, за измама, а без никаков доказ.
На наведениот датум 22 септември годинава, не дојде мојот адвокат. Дојде неговата помошничка. Ја замолив судијката да го одложи судењето, бидејќи сакав да ме брани адвокатот што подобро го знае случајот. Судијката ја одби мојата молба. Мене „ми пукна филмот“ и судењето го нареков циркусијада. Судијката ми рече дека ќе бидам казнет и ме избрка од судницата. За четири месеци ќе наполнам 70 години. Сазната од 13 години ми е зголемена за уште шест месеци. Немав пари да ги платам судските трошоци и си добив уште 180 дена затвор. Верувам дека власта сака да ме држи во затвор додека умрам, пишува Рамковски и порачува за инает ќе живеам 101 година.
За поврзани вести продолжете надолу