Рамадани: Владата нема да падне, малцинството се погаламџии секогаш

„Моите информации се дека нема да падне Владата денеска, но секогаш некоја теоретска можност постои. Мнозинството на пратениците се тие кои спроведуваат на еден начин евроатлантски вредности, а тие кои се во малцинство се погаламџии. Сакаат со галама да ја убедат јавноста дека веќе се е готово. До некаде ги оправдувам обидите на опозицијата за мнозинство, но не се согласувам со оние на кои поголема им е желбата да дојдат на власта отколку што се подготвени да сработат нешто. Дојдени сме пред врати каде перспективата е светла. Не знам дали успеавме да им објасниме на граѓаните што значи да си во НАТО. Убеден сум дека нема да падне Владата затоа што нема да дозволат тие каде што сме ние инфраструктура проевропска и про НАТО влада со двајца, би рекол, руски пратеници. Јас не им давам преголем момент на Левица, таа бројка од двајца пратеници создаваат трзавици. Ме загрижува фактот што тие на овие избори добија околу 60.000 гласа. Таа експозитура како да фаќа корен“ – вели Исмет Рамадани, политички аналитичар во Студио 10 на ТВ24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e