В.д. директорот на казнено поправната установа „Скопје“ во Шуто Оризари, Есад Рахиќ во денешното интервју за Канал 5 изјави дека во иднина во планирано е повторно да бидат пуштени во употреба столарата, браварата и автомеханичарскиот дел се со цел затворениците да се ресоцијализираат и да намали процентот на повратници во затворот.
-Мојата идеја е да го подготвиме затворот да биде од поотворен тип. 50 отсто се повратници, нашата идеја е да направиме стакленици, да се ресетираат столарата, браварата, автомеханичарскиот дел, луѓето да се ресоцлијализираат. Затворениците кои ќе работат ќе земаат плата и ќе добијат диплома, средна стручна спрема за утре да бидат отворени и поконкурентни на пазарот за работа, вели Рахиќ.
Тој тврди дека условите и храната за на многу повисоко ниво во затворот отколку претходно.
-Факт е дека во затворот кога дојдов состојбата беше тешка, негрижата на претходните власти дојде до тоа условите да бидат катастрофални. Сега е подобро, критиките кои сега ги има се на место, но направивме многу во овие 6 месеци. Со моето доаѓање јас и мојата управа го решивме имотно правниот статус, тоа го направивме во рекорден рок. Минчо Јораднов помогна во реконструкцијата на затворот, ги постави фотофолтаиците на кровот. Имавме донации повеќе од 250 илјади евра од повеќе македонски фирми. Условите беа катастрофални, последен пат беше кречено во 2006 година. Моментално вршиме изолација на објектите, вели Рахиќ.