Работник загинал на работното место по пад на кран

Работник загинал по пад од кран на висина од четири метри. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 14.20 часот на улицата „Никола Вапцаров“ во Скопје.

Ц.Т. (57) од селото Ново Лагово, Прилепско, вработен во приватна фирма, додека извршувал работи на кран на висина од четири метри, во моментот кога се откачила дигалката тој паднал на земја и се здобил со повреди по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар Скопје.

По кратко време Ц.Т. им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e