Работниците задоволни од предлог-законот на Владата за „Еурокомпозит”

Работниците од прилепски „Еурокомпозит” и синдикатот се задоволни што Владата го реши најважното прашање – донесе предлог-закон за претворање на побарувањата за пензиско осигурување во траен влог.

Владата по седницата од 30 јули соопшти дека го усвои и до Собранието го достави Предлог-законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД” Прилеп, со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e