Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со Т.J. Холанд, аташе на американското Федерално истражно биро (ФБИ).
На средбата беше истакната досегашната успешна соработка, како и можностите за нејзино унапредување и во иднина. Притоа, директорот Тасевски го запозна Холанд со моменталната безбедносна состојба и ги претстави актуелните активности на БЈБ, со оглед на фактот што Холанд беше назначен на оваа позиција пред две години, но поради пандемијата со Ковид-19 беше спречен да допатува и физички да ги преземе работните обврски.
На средбата се разговараше на теми од заемен интерес, кои заеднички ги засегаат Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, во насока на борба со организираниот криминал, корупцијата, борбата со тероризмот и други теми од областа на безбедноста.
Холанд ја потврди заложбата на Федералното истражно биро, преку Канцеларијата на аташето во Софија, за овозможување на поддршка во делот на обука и техничка помош, со цел подигнување на целосниот капацитет на Министерството за внатрешни работи.