Работна посета на МНР Никола Димитров на Сојузна Република Германија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на 13 и 14 јуни 2018 година, престојуваше во работна посета на Сојузна Република Германија.

Mинистерот Димитров оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас, на која се разговараше за последните случувања во врска со Договорот со Грција за надминување на разликата околу името, како и за интензивирање на процесот на европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија.

За време на посетата МНР Димитров се сретна и со државниот министер за Европа, Михаел Рот, советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Јан Хекер и пратеникот и претседател на пратеничката група за ЈИЕ, Јосип Јуратовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e