Рабаланс на буџетот во јуни

Владата се подготвува за прекројување на државната каса. Од што ќе се крати и каде ќе се додава ќе се знае за околу два месеца, за кога премиерот Зеав најавува ребаланс на Буџетот. Засега едно е сигурно, нема да има корекција на проекциите за економски раст од 3,2 отсто, а заштедените 25 милиони евра од јавните претпријатија ќе се пренаменат во инфраструктурни проект.

„Јавните претпријатие кои оствариле резерва и добивка, Биро за метеорологија 7 милиони евра, 5 милиони евра има во Службен весник, во деловен простор имаме 4 милиони евра, имаме 3,7 милиони дивиденда нераспределена од 2016. сите тие ќе ги канализираме во овие капитални проекции и тука ќе имаме потреба од ребаланс. Ако успееме да ја искористиме оваа поволна клима е достижно 3,2 отсто, а таргетот пред нас да ни биде 4 отсто“, изјави Заев.

Владата ваквите очекувања ги потпира на планот за економски раст, со кој компаниите треба да земат помош од 50 милиони евра. Но, и на голема градежна офензивана од која дел ќе се реализира на просторот на Скопски саем, инвестицијата Лимакс на старата железничка во Скопје, изградбата на фотоволтаици и прокетот Чебрен и Галиште каде треба да се вклучи целата домашна градежна оператива.

Светска Банка и ММФ засега не веруваат дека Македонија ќе ги постигне  предвидените резултати. ММФ ја намали проекцијата за годинешниот економски раст за земјава од 3,2 на 2,8%, а Светска банка на 2,3%.

Во економски успех на владата на Заев не верува ниту опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека најголемиот буџет во историјата на Македонија што го предвиде владата на Заев е расипнички, неразвоен и скроен само за да ги задоволи политичките апетити на најнеспособниот економски кабинет.Ребалансот на буџетот што го најавува Зоран Заев е доказ за тоа што го знае и чувствува секој во оваа земја, дека економијата е пред колапс. Зоран Заев може да се лаже себеси дека очекува раст и до 4%, но таквите лаги нема да им помогнат на граѓаните подобро да живеат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетот за годинава тежи 3,43 милијарди евра и е најгломазниот буџет кој што е донесен во историјата на Македонија во отстуство на опозцицијата. Владата иако драстично ги скрати непродуктивните трошоци за да може да го реализира продолжи да се задолжува во земјава и во странство. Последното задолжување на меѓународниот пазар беше на почетокот на годината со половина милијарда евра.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e