Пуштен новиот Ургентен центар и Акушерското одделние во прилепската болница

Денеска беше пуштен во работа новиот Ургентен Центар, како и Акушерското одделение во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Иницијативата и потребата од нов Ургентниот центар постои 15 години, и мене ми особено драго што токму во овој период ја крунисавме завршницата на изградбата и опремувањето на Ургентниот центар. – рече премиерот Оливер Спасовски на настанот.

2

Од 2017 година наваму реновиравме делови од здравствената установа во кои ништо не било инвестирано од денот на нејзината изградба – болничката аптека и биохемиската лабораторија, амбулантите по ортопедија, урологија, хирургија, нервната и детската амбуланта, како и амбулантата по интерна медицина и амбулантата за очни болести, а набавена е опрема од над 50.000.000 денари, и тоа според потребите и барањата на скоро сите одделенија.Овде, би сакал да истакнам и да изразам благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од граѓаните на оваа Општина за донацијата од 50.000 евра (во специјални болнички кревети и инвалидски помагала), која во мај пристигна од турската компанија „АЛИМ ОРМАН УРУНЛЕРИ“, со што се покажува дека солидарноста и општествената одговорност доаѓа посебно до израз во кризни ситуации и е од исклучително значење за искреното пријателство меѓу граѓаните на сите држави. – порача Спасовски.

3

Корона кризата уште еднаш потврди дека здравствениот систем е еден од клучните столбови на државата и сектор во кој во континуитет треба да се вложува за да се обезбеди негова стабилност и одржливост. Оваа Влада верува дека граѓаните заслужуваат стабилен здравствен систем, навремена здравствена услуга и современи услови за лекување. И оваа Влада посветено работи на тоа.  – велат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e