Психијатар во судница денес ќе ја анализира депресијата на поранешниот министер Поповски

Психијатарот Петре Ристески денес треба да се појави на судењето во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Триста“ и да утврди дали обвинетиот поранешен министер, Ѓоко Поповски е во депресија и дали може или не, да го следи и активно да учествува во судскиот процес. На судењето како сведок треба да се појави и лекарката која му го отворила боледувањето и која треба да каже каква е болеста на обвинетиот Поповски како и до кога тој ќе биде на боледување.

Обвинетиот Поповски до сега два пати не се појави во судница, по што рочиштата се одложуваа. Неговата одбрана на судот му приложување лекарска документација дека тој е болен. На минатото рочиште Поповски за прв пат се појави во судница, а на судењето дојде со бастун во придружба на уште едно лице.

На судот му приложи лекарска документација дека прима лекови против болки, но и против депресија. Неговата одбрана пред судот рече дека Поповски на рочиштето е дојден само поради големиот притисок во јавноста, како и поради сомневањата за неговата болест.

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи побара од судот лекарите да кажат каква е здравствената состојба на обвинетиот Поповски, а судот го прифати предлогот.

Во предметот „Триста” поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски е обвинет за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

Извор: МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e