Прво лажел дека работи во УЈП, па потоа ја нападнал менувачницата со камења

Скопјанец извршил разбојништво во обид во менувачница на улиџата „Московска“ вчера околу 13.30 часот. Се претставил како вработен во Управата за јавни приходи и побарал да влезе позади пултот, но вработената не му дозволила, велат од полицијата.

Потоа излегол надвор и со камен почнал да удира во шалтерското стакло. Во тој момент вработената го вклучила алармот, а сторителот избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e