Прва смена во владата: Овој заменик министер ќе биде разрешен од функцијата?!

Заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Власте Димковиќ од Српската партија, вчера е исклучен од партијата, а ќе се побара и негово разрешување од Владата затоа што работел против интересите на сопствената партија и коалицијата на СДСМ на локалните избори, пишува порталот Кумановоњус.

vlaste_dimkovik

Димковиќ беше еден од првите именувани функционери по доаѓањето на СДСМ на власт и формирањето на Владата.

За време на локалните избори , Димковиќ кој доаѓа од општинскиот одбор на Старо Нагоричане на Српската партија, коалициски партнер на СДСМ,  не се согласил со одлуката  кандидат за градоначалник да биде Жаклина Јовановска, па во првиот круг му дал подршка на градоначалникот и листата на советници на НДМ на Јанко Бачев.
Поради поделеноста меѓу коалиционите партнери Јовановска за стотина гласови не победи во првиот круг на изборите, а Српската партија не доби ниту едно советничко место во Советот на општина Старо Нагоричане.

На вчерашниот состанок на централниот одбор на партијата, раководството одлучило да го исклучат од партијата.

„Нашиот статут предвидува секој кој ќе работи против интересите на партијата да биде под итно исклучен. Димковиќ призна дека згрешил и беше изненаден од една ваква крупна одлука, но ние нема да попуштиме и ќе бараме негова смена од заменик министерското место“, изјави Мирослав Јовановиќ, претседател на Српската партија во Македонија и пратеник од Куманово.

Од партијата претходно биле исклучени уште двајца кои се нашле на листата за советници на НДМ на Јанко Бачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e