Проштална средба на Џафери со уставниот судија Мурати

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари проштална средба со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.

Како што соопшти кабинетот на Џафери, на средбата взаемно е констатирана добрата соработка на Собранието со институција Уставен суд.

– Претседателот Џафери се заблагодари на придонесот кој судијата Мурати го има дадено преку неговата работа во една значајна институција како што е Уставниот суд и му посака пред се, добро здравје со желба за понатамошни успеси на личен и професионален план по завршувањето на мандатот на претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e