Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември 2019 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 105.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (14.3 %), Градежништво (13.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.3 %), Информации и комуникации (8.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.

Извор: Државен завод за статистика

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e