Пропагандната машинерија на Орбан влезе во Македонија – Ги спасува АЛФА ТВ, Република и Курир

Ви пренесуваме дел од најновото истражување на ПРИЗМА:

-Се брануваат македонските медиуми кои по својата уредувачка политика се блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Во нив се влева унгарски капитал, се зголемуваат основачките влогови во компаниите, а за помалку од една година, три македонски медиуми добиваат газди од Будимпешта. БИРН и во Македонија и во Унгарија го истражуваше влезот на унгарскиот капитал и мотивите на Унгарците кои се поврзуваат со тамошниот премиер Виктор Орбан да вложуваат во медиуми како што се телевизија Алфа, и веб-порталите Република и Курир.

Кои се Чукиќ и Марков?

Адвокатското друштво „Чукиќ & Марков“ e основано во 2006 година од двајца адвокати – Серјожа Марков и Лазар Чукиќ. Марков во јавноста е познат и како брат на Маја Маркова, судијка во Апелацискиот суд во Скопје и поранешна сопруга на Иво Котевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2013 година Марков, со одлука на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран и за почесен конзул на Република Молдавија.

Листата на клиенти на ова адвокатско друштво беше долга и објавена на нивната веб-страна, но подоцна беше отстрането поради ограничувањето издадено од Адвокатската комора. На листата на клиенти се наоѓаа Стопанска банка, Македонски телеком, ЕВН, фирмата за обезбедување СГС, оф-шор компанијата со седиште во Лугано Ексико, Државната лотарија на Македонија и многу други. Преку ова адвокатско друштво одеше купопродажбата на парцелите на плоштадот Македонија од државата на грчкиот бизнисмен Кондоминас, парцели кои подоцна завршија кај рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Серјожа Марков, освен што се јавува како основач на адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“, сопственик е на уште пет фирми – „Беверли Хилс Девелопмент“, „ЈМС Инвестмент“, „Фарел Сигарс“, „Бизнис Проперти Инвестмент“ и „Енерџи Еко Трејд Македонија“.

Истражувањето покажа дека адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“ се јавува како полномошник на двете унгарски фирми кои неодамна влегоа на македонската медиумска сцена. Станува збор за фирмите „Таргет Медиа“ ДООЕЛ чиј газда е Петар Шац од Будимпешта кој минатата година влезе во сопственичката структура на телевизијата „Алфа“ и „Адинамик Медиа“ ДООЕЛ, чија сопственичка Агнеш Адамик од Унгарија во последниов месец стана дел од сопствеништвото на порталите „Курир“ и „Република“.

БИРН изврши увид во Централниот регистар за овие две фирми со унгарски капитал кои стануваат дел од сопствеништвото на три медиуми чија уредувачка политика е блиска до сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете фирми, според официјалните документи, имаат еден заеднички именител – адвокатската канцеларија „Чукиќ и Марков“ која е ополномоштена од двајцата Унгарци во нивно име да ги потпишува и заверува сите документи кои се потребни во постапките за основање на фирмите.

Иако „Чукиќ и Марков“ биле ополномоштени да ги заверуваат документите, од Фејсбук профилот на Адамик може да се види дека таа доаѓала во Македонија, за што сведочи и нејзина фотографија објавена во септември 2017 година кај Стариот театар од проектот „Скопје 2014“.

Фирмата на унгарската државјанка Агнеш Адамик кон крајот на април годинава стана сопственик на порталот „Република“, а една недела подоцна влезе и во сопствеништвото на „Курир” откако адвокатското друштво ја средува целосната документација за упис во регистарот. Адресата која што се води како седиште на фирмата на Адамик, пак, води кон телевизијата „Нова“ на бизнисменот Сеад Кочан, која во моментов се соочува со финансиски проблеми, а отворена беше и претстечајна постапка.

Првичниот основен влог на фирмата е 5 илјади евра, но на 11 април годинава, Адамик уплатува уште 175 илјади евра, со што основната главнина на фирмата достигнува 180.000 евра. По зголемувањето на основачкиот влог, фирмата на Адамик влегува во сопственичката структура на „Република“ и „Курир“. Освен што се зголемува влогот на унгарската фирма, се зголемува и основачкиот влог на „Република“ – кон крајот на минатиот месец влогот расте од 5 илјади на 41.800 евра.

За разлика од фирмата Адинамик медиа, другата унгарска фирма која е дел од сопствеништвото на телевизијата Алфа, „Таргет Медиа“ е формирана со основачки влог од 5 илјади евра, кој засега останува непроменет.

Целото истражување прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e