На 03.11.2017 година во 18.10 часот на излез од Р.Македонија со воздухопловот на една авио компанија за Базел се пријавила да патува К.З.(67) од с.Стрелци – Кичево, која патувала во придружба на нејзиниот син А.З.(44) од истото село.
При извршена анализа на ренген снимката од рачниот багаж на К.З., пронајден е куршум од засега непознат калибар.
Во 18,10 часот К.З. е лишена од слобода, а куршумот е одземен со потврда за привремено одземени предмети, по што во 19,00 часот е предадена на инспектори од Регионалниот Центар -Запад за понатамошна постапка.