Промовирана веб-платформа за увид на граѓаните во Буџетот на РМ – погледнете ТУКА

Министерството за финансии денеска ја промовираше веб-апликацијата преку која граѓаните на едноставен начин ќе имаат увидво Буџетот на Република Македонија, односно тој ќе стане подостапен за нив.

Веб-апликацијата е изработена од победниците на ФинХакатонот којшто се одржа во текот на летото во Министерството за финансии.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, кој присуствуваше на денешната презентација, Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко.

– Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетотНа овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење, истакна Тевдовски.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски смета дека со ФинХакатонот им се овозможило на младите луѓе да влијаат врз транспарентноста и ефикасноста на една комплексна јавна институција како што е Министерството за финансии.

– Преку вакви иницијативи сакаме преку практична примена на иновации во јавниот сектор да имаме отворени и  транспарентни институции, а граѓаните да добијат поефикасна и  поквалитетна услуга, рече Деспотовски на презентацијата.

Елена Андреева, претставничка на тимот кој ја изработи победничката веб-апликација на ФинХакатонот,  вели дека апликацијата треба да го направи буџетотразбирлив за сите. Таа овозможува не само да се добијат бројки од буџетот, туку истовремено има и објаснувања за самите ставки, како и споредби со изминатите години со што се добива јасна слика за буџетот.

За Граѓанскиот буџет изработени се и едукативни видеа. – Видеата се надополнуваат со веб-апликацијата и ја прават сликата уште појасна и поприемчива зацелата јавност. Би сакал да истакнам дека она што е добро е што оваа апликација не се однесува само на еден Граѓански буџет, туку е платформа на која и воиднина може да се поставуваат податоци од новите буџети, истакна Стефан Митески од тимот кој го изработи победничкото видео на ФинХакатонот.

Граѓанскиот буџет може да го најде на budget.finance.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e