Продолжува расправата за уставните промени во Собранието

Денеска до 11 часот продолжува расправата во Собранието на Република Македонија за уставните измени.

За збор се пријавени 66 пратеници. Расправата почна вчера, и се очекува да трае во следните неколку дена, со што ќе има гласање за прифаќање на уставните измени, и прифаќање на договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

Пратениците од СДСМ го прифаќаат договорот, додека од опозициската ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека нема да учествуваат на гласањето. И натаму е неизвесно двотретинското мнозиство потребно за да се донесат промените во Уставот на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e