Пробиен последниот тунел на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Пробиен е последниот од вкупно 15-те тунели на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, со што е заокружена една од најспецифичните фази од изградбата на втората етапа од пругата кон Бугарија.
Директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски, информираше дека пробивањето на тунелите претставува една од најсложените градежни активности и дека овој сегмент од проектот е завршен.
Иако, како што посочи, динамиката на изведба не е на посакуваното ниво, Ивановски очекува засилена оперативна активност и видлив напредок во наредниот период.
Проектот е дел од Коридор 8, кој има стратешко значење за земјава и за регионалното поврзување меѓу Јадранското и Црното Море.
Минатата година, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави тендер за третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија. Во ноември беше потпишан и договор со бугарската страна за подготовка и изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e