Призма: По мандатот, Коце Трајановски се подновил со куќа

Рекреативците што шетаат на кејот на Вардар, гостите во хотелот „Русија“ и посетителите на паркот на езерата, од неодамна имаат поглед на новата куќа на поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, која се наоѓа на спротивната страна на реката Вардар во населбата Керамидница. Објектот е на самиот кеј на реката Вардар и има поглед кон населбата Аеродром.

Куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Сѐ уште не е вселена и ѝ се доуредуваат внатрешноста и дворот. Трајановски може да се види како ја посетува заедно со луѓето што нудат градежни или занаетчиски услуги, или како работи во дворот.

За оваа нова градба била издадена градежна дозвола на 31 март 2017 година. Историските сателитски снимки на Гугл покажуваат дека темелите почнале да се копаат во јули истата година, а градежните работи стартувале во септември, во последните месеци од мандатот на претходниот градоначалник. Според снимката од 14 јуни 2018 година, таа веќе имала покрив, а Трајановски станал нејзин сопственик на 25 јуни.

Целито текст и фотографии од куќата на Трајановски погледнете на Призма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e