На 02.01.2018 година во 18.30 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, поради избегнување на гранична контрола приведени се H.A. (36) со косовска патна исправа, кој управувал патничко возило „БМВ Х5“ со косовски регистарски ознаки и H.A. (40) со косовска патна исправа. Подоцна, двете лица биле предадени на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север, при што им е изречена заштитна мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од по 1 (една) година сметано од денот на изрекување на пресудата од Основен Суд Скопје I. Тие ќе бидат депортирани преку граничен премин „Долно Блаце“.
На 03.01.2018 година во 00.05 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ бил приведен и задржан В.З. (23) од Драч, Република Албанија, со бугарска патна исправа. Тој биле приведен поради тоа што против него имало распишана меѓународна потерница од Сојузна Република Германија. Подоцна тој бил спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.