Приведено лицето кое синоќа пукаше кон Борис Мутков-Фантом

Ноќеска околу полноќ во близина на мостот за населбата Бардовци со автоматско оружје е пукано кон Борис Мутков-Фантом додека тој се движел со автомобил марка „мерцецедес“.

Од МВР потврдуваат дека е приведено едно лице.

„Пријавено е дека на влез во с.Бардовци било пукано кон Б. М. (40), кој се движел со возило „мерцедес“. Б.М. е пренесен во болницата „Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23), велат од МВР“, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мутков е поранешен боксер, а беше еден од оние граѓани кои на 27 април влегоа во Собранието, поради што беше осуден на условна казна затвор.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e