Приведено лице кое ограбило Тобако маркет во Аеродром

На 04.01.2018 година во 23.05 часот во Полициска станица Аеродром, Е.А.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот откако пристигнал на работа, како продавач во Тобако маркет, во моментот кога бил надвор пред продавницата, кон него се доближило едно машко лице кое силно го притиснало со тврд предмет, а Е.А. се посомневал дека тоа е пиштол. Напаѓачот на висок тон му наредил да го испрати колегата од тобакото и да влезе внатре побрзо. Откако Е.А. го сторил тоа, напаѓачот му побарал неколку штеки цигари кои оштетениот му ги дал, како и неговиот мобилен телефон, по што сторителот излегол од тобакото и со такси возило побегнал. По преземени мерки од страна на полициски службеници, сторителот Н.Д.(41) од с.Вражале-скопско е пронајден и приведен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e