Откако утрово МВР соопшти дека се приведени две лица, едно од Битола и едно од Велес во врска со случајот „Јавна соба“, набрзо министерот за внатрешни работи соопшти дека се приведени уште две лица, вкупно четири.
Денеска се приведени вкупно 4 лица, 2 од Битола, 1 од Велес и 1 од Штип, директни учесници во Јавна соба на Телеграм, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови.
Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, нагласи Спасовски.