Приведен скопјанец на Пластичарска, не застанал при сообраќајна контрола

Скопјанец бил приведен попладнево на булевар “Никола Карев“ познат како пластичарска улица.

Според извори од истрагата, при сообраќајна контрола автомобил „мерцедес“ не запрел на даден знак стоп и почнал да бега.

Полицајците го престигнале, а 35 -годишниот скопјанец е приведен. За настанот е известен и јавниот обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e