Бизнисменот Орце Камчев е приведен од страна на полицијата, неофицијално дознава и пренесува „А1он“. Тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.
Како што дознава и пренесува порталот, приведувањето е поради истрагата која се води за плацовите на Водно, а каде е тој еден од осомничените. Истрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, а Камчев се сомничи за перење пари, заедно со експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и кумот на Никола Груевски Ристо Новачевски.
Обвинителството веќе објави дека Камчев и Мијалков му помагале на Груевски во перењто пари. Според истрагата Камчев се јавува како еден од сопствениците на офшор компанија, која пак, е сопственик на спорните парцели. Парите со кои се купувале плацевите на Водно, припаѓале на ВМРО-ДПМНЕ.