Јовески истакна дека јавната истрагата за „Рекет“ се проширува на трето лице, јавен обвинител кој сторил кривично дело злоупотреба на службената положба, при што денеска е приведен и од обвинителството е побарана да му се изрече мерка притвор.
Од обезбедените докази се покажа дека специјалната јавна обвинителка ги искористила своите надлежности на службената положба и овластувања за стекнување на имотна корист, спротивно на законот.
Од ноември 2018 до април 2019 еден до осомничените во оваа истрага преку претходно воспоставени пријателски односи направил службено дејствие што не би смеело да се изврши.
Јавната обвинителка определила поблага мерка за еден од осомничените во „Империја“.
ЈО, како што кажаа работи интензивно на случајот Рекет, а јавноста може да биде убедена дека обвинителството ќе ја прошири истрагата ако за некој се појават дополнителни докази и сомнежи.
Исто така нема индиции дека снимките од „Рекет“ завршиле кај домашни или странски политичари кажа Јовески. Јовевски порача дека овој случај не треба да се политизира.