Притвор од 30 дена за Васе Доневски

30 дневен притвор за поранешниот директор на СОЗР Васе Доневски, изрече судија на претходна постапка, пренесе ТВ 24.

Доневски кој вчера беше приведен и сопственикот на Секјуриком, Волфганг Гампер обвинети за местење на тендерот од 2015 за одржување на Владата, вреден 11 милиони евра. Управата за финансиско разузнавање по три месечна истрага извршила претрес на неколку локации поради сомнеж дека се крие непредадена финансиска документација. Одземени биле неколку електронски уреди, усб и патничко возило. Доневски се терети дека со обезбедени изјави за заинтересираност на 7 компании ја заобиколил обврската да побара согласност од Советот за јавни набавки. 4 од заинтересираните 7 фирми се на ист сопственик, а останатите 3 се тесно поврзани.  На тендерот се јавила единствено Секјуриком – единствената фирма која покрива 5 дејности меѓусебно неповрзани.

„Спротивно на член 2 од Законот за јавни набавки со намера да се намали и елиминира конкуренцијата, односно да се избегне можноста за електронска аукција која што овозможува конкурентно наддавање и намалување на цените на услугите Друштвото за обезбедување и услуги Секјуриком  се стекнало со  против правна имотна корист во износ од 660.834. 855 денари“, вели Сузана Петровска – Управа на финансиска полиција

Доколку огласот бил делив, цената би била 45 % пониска од онаа на Секјуриком – утврдила финансиската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e