Од денес нашата територија ќе подпадне под влијание на циклонот РОБЕРТ па така особено во попладневните часови и тоа претежно во западните и во северните предели од дождвава ќе има повремени врнежи од дожд каде ќе има услови и за локална појава на грмежи.
Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден но со тоа што поради загреаната атмосфера локално ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени. Посвежо ќе биде особено на север и на северозапад.
За време на овој циклон локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).
НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Инаку РОБЕРТ ќе го опрафи најголемиот дел од Балканот секако вклучувајќи ја и нашата држава па така не се исклучува можноста поради локално интензивните врнежи да дојде и до локални поплавувања.
За подетални метеo информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .