Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Нијколовски, денеска имаше работна средба со Здружението за канабис и зелени политики – ” Билка”, Скопје.
-На средбата ги преставивме нашите заложби за декриминализација на канабисот во Македонија, но и предложивме конкретни мерки и активности во таа насока. Министерот не информира дека веќе се размислува на измени во постојниот Закон за контрола на опојни дроги во насока на негово подобрување како и нè увери во спремноста на Министерството и Владата на соработка со невладиниот сектор по ова прашање со обострана заложба за идна кооперација, информираат од здружението “Билка”.