Претседателот и актуелен премиер Зоран Заев, на денешната трибина „Иднината на Европа“ во организација на СДММ, истакна дека младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, дека тоа и го прават преку мерките и политиките што ги спроведуваат.
„Од кога СДСМ ја доби честа да ја води државата многу се промени во нашата држава. Сите знаат дека она што го правиме е за сите граѓани, но најмногу за младите. Политиките што ги водиме не се за во моментот да се добијат симпатиите на младите туку тоа се реални и препознаени во функција за отворање на перспективите на оваа земја, а пред се на младите. Целиот свет признава, целиот свет со убави зборови се обраќаат кон нас. Во глобалниот свет на мобилност на младите, на услугите, на капиталот, нашата борба е да создадем компетитивно општество. Знаеме дека само на тој начин ќе биде примамливо за младите да останат овде. Вие младите сте со јасна цел, сакаат да бидеме дел од западниот демократскиот свет, каде слободите блескаат. Тоа и го правиме, за младите да бидат генератор на развојот на својата татковина“, нагласи Заев.
Тој додаде дека младите треба да го зграпчат секој момент и да не се плашат да зборуваат гласно, политичарите се должни да слушаат.
„За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура. Никогаш е не доцна да направите се за младите и ние то го покажуваме. Денес, преку сите мерки што ги преземавме во период додека се движеа крупни процеси и се интегрираме во ЕУ и НАТО и во такви околоности економските политики даваат сериозен резултат. На пресекот од две години од мандатот имаме нови 54.000 вработени, а од нив 54 отсто се млади. Сите политики за поддршка на вработување дадоа резултати. Иако не сме членка воведовме Гаранција за млади преку кои младите полесно се вработуваат, или добиваат доедукација. Ете тоа е прав пат!“, порача Заев.