Нов гаф како оној со Казахстан или пак вистина. Зборот Македонија потекнува од Индија. Била наречена „Маа Ки Дунија“ (Maa Ki Duniya), а потоа Римјаните ја нарекле Македонија.
Ова претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов му го соопштил на индискиот амбасадор во Бразил, Аби Кумар за време на отворањето на Македонската амбасада во Бразилија, пренесе Мета.
Кумар по средбата со Иванов се огласи и на Твитер каде ги пренел импресиите по запознавањето со македонскиот претседател.
„Имав можност да го запознаам доктор Ѓорге Иванов, претседател на Македонија на церемонијата за отворањето на Македонската амбасада во Бразилија. Ми кажа интересна работа „Зборот Македонија доаѓа од Индија. Била наречена ‘Маа ки Дунија’, по што Римјаните започнале да ја викаат Македонија“, напиша Кумар.
Можеби претседателот сакал да го импресионира индискиот абмасадор но не се надевал дека тој тоа и ќе го твитне. Чудно и како кај нас досега не го кажал ова 🙂