Претепан брачен пар од Скопје: Ги испрскал со спреј и физички ги нападнал

На 17.01.2018 година Р.И. (52) пријавила дека на 16.01.2018 година околу 15.00 часот на крстосница од ул. „Мелничка“ со ул. „Бутелски Венец“, во Скопје, таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од  непознато лице.

Напаѓачот со возило им го попречил патот. С.И. излегол од неговото возило и побарал лицето да го тргне возилото за да помине. Без да каже ништо, лицето најпрво со спреј со непозната содржина го испрскал неколку пати во пределот на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата.

Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено и неа ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.

После тоа, напаѓачот со неговото возило побегнал во непознат правец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e