Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, утре ќе учествуваат на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија.
Претседателот на Владата ќе има обраќање во рамки на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, додека вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.
Според агендата, во попладневните часови, предвидено е премиерот Заев да оствари средба и со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.