Премиерот Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, уживаа во адреналинот кој моторциклизмот знае да го понуди како еден од начините за уживање во природните убавини на Македонија.
Премиерот и министерот, возеа мотори а според фотографијата се некаде на падините на некоја од планините кои гравитираат кон Струмица, Беласица или Огражден.
,,Со премиерот релаксирано и со адреналин“., напиша на Фејсбук, министерот Николовски.