Заев: Македонско-бугарската стопанска комора е јазол што ги поврзува двете земји на економски план

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска имаше свое обраќање на годишното изборно собрание на Македонско – бугарската стопанска комора во коешто, меѓу другото, истакна:

„Владата на Република Македонија е цврсто решена да ги отвори перспективите за бизнисот и економијата. Прв храбар чекор на тој пат беше потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија. Преку градење на политички мостови кои не спојуваат настојуваме да постигнеме економски резултати кои се важни за подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Потпишавме повеќе меморандуми и договори и ги отворивме сите фронтови за соработка со нашиот добар сосед Бугарија.

Резултати од таквите храбри чекори веќе се чувствуваат. Охрабрувачки се последните податоци кои покажуваат дека по потпишувањето на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство со Република Бугарија имаме зголемување на обемот на трговската размена. Инвестициите и членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ се важни за економскиот развој на нашата држава, како и за остварувањето на нашите стратешки цели и секој искрен пријател на Македонија е драгоцен наш пријател, а посебно кога станува збор за голем пријател како што е Република Бугарија.“

Целото обраќање на Заев можете да го погледнете во следното видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e