Премиерот Заев беше гостин на BBC во познатата емисија Hard Talk

,,Британската медиумска јавност го препозна развојот на настани во Република Македонија, што заслужуваат да бидат вест и внимание.

Затоа дојде поканата од продуцентите на највлијателната и најгледаната политичка емисија на Би Би Си, Hard Talk. Одлично интервју со новинарката Зеинаб Бадави, за време на Самитот за Западен Балкан во Лондон“-пишува на ФБ профилот на премиерот Заев.

Ова е најавата на официјалниот сајт на британскиот јавен ТВ сервис за емисијата:

,,Речиси три децении, Поранешната Југословенска Република Македонија е заклучена во горчлив спор со соседна Грција за нејзиното име, бидејќи има грчка провинција наречена Македонија. Минатиот месец двете земји потпишаа историски договор за промена на името на оваа мала балканска држава во Република Северна Македонија -што ќе биде  предмет на референдум. Договорот го отвора патот за Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Ова ќе биде добредојден чекор за земја која е една од најсиромашните во Европа. Но, предизвиците од националистичките тврдокорници, опозицијата и претседателот сигнализираат бурни времиња за социјалдемократската влада. Зеинаб Бадави зборува со премиерот Зоран Заев. Дали го има она што е потребно за промена на срцата и умот и да ја постави својата земја на патот на поголем просперитет?“

Линк :BBC Hard Talk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e