Техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по принципот на партискиот шеф, Груевски, кој сечеше ленти на отварањето на тениски игралишта и селски чешми, на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека релизирале уште едно ветување. Имено, Димитриев напиша дека во Пробиштип се поставило македонското знаме.