Предлог-законот за спорт оди во Собрание

Министерството за Правда, врз основа на предлогот на Агенцијата за млади и спорт, на вчерашната седница на Влада го поднесе на разгледување и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортот со кој се предлага даночно ослободување по Законот за данок за националните спортски федерации, за спортските клубови, за активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови, како и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт. Даночното олеснување ќе се користи врз основа на издаден ваучер од страна на органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, со што ќе се обезбедат значителни средства за поддршка на спортот и спортистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e