Предлог закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти

Владата на Република Македонија на својата 38 седница, донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Македонија предлог закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

Основна цел на овој предлог закон е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење на дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија, водејќи сметка за дадените забелешки и напатствија од меѓународните институции во делот на реформите на правосудниот систем.

Во образложението за овој предлог се вели дека праксата покажа дека формирање на вакво професионално тело за покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија не ја оствари целта на основањето, туку, напротив, истото беше формирано без да се направи целосна анализа на недостатоците во Законот за судски совет што резултираше со негативен извештај од меѓународните институции, вклучувајки ги и забелешките од Венецијанската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e