Предизборни комбинаторики во власта и опозицијата

Скопската општина Центар, која поради проектот Скопје 2014 и кое Жерновски на претходните избори го доби дури по три прегласувања, а се смета и за „антигруевски“ упориште и каде социјалдемократите очекуваат сигурна победа, од партијата се уште не го соопштуваат својот кандидат. Причината е што актуелниот градоначалник Андреј Жерновски кој се уште не ја добива поддршката од СДСМ. Тој веќе собра потписи и најави дека сам ќе трча на изборите. Но, конечна одлука се уште нема, уште повеќе што изминативе денови, се шпекулира дека Шеќеринска интензивно преговарала со Жерновски тој да се откаже од трката за татко на општина Центар, а за возврат би добил амбасадорско или министерско место. Според досегашните информации, СДСМ за Центар го токму или претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар и директор на ЈП Паркинзи во Центар Саша Богдановиќ, а не е исклучена и опцијата СДСМ во Центар да истрча со Дамјан Манчевски, актуелниот министер за информатичко општество и јавна администрација.

Сепак, во Центар проблеми со номинирање кандидат има и ВМРО ДПМНЕ. Од таму според информациите некој не сакал да се нафати, наводно поради тоа што таму сигурен победник е СДСМ. Сепак, во јавноста веќе се лиферуваа имињата на пратеничката Даниела Рангелова, поранешниот директор на Фондот за здравтсво Сашо Стефановски, а јавноста шпекулира дека партијата го убедувала Сашо Мацановски Трендо, да трча за Центар.

Одлука нема ниту за Битола. Официјално молк и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ. Од партијата на Груевски имаат проблем со именување на свој кандидат, особено што во кампања ќе мора да се оградува или не од Владимир Талевски, против кого СЈО покрена обвинение „Транспортер“. Жестока битка се води и во редовите на социјалдемократите, иако првично за ова место поддршка побара Горан Милевски, лидерот на ЛДП, сепак СДСМ одлучи во Битола да се оди со свој кандидат. Според непотврдени информации, најверојатно кандидат за градоначалник ќе биде Наташа Петровска, актуелен координатор на советничката група на СДСМ во општина Битола. ВМРО ДПМНЕ има сериозни проблеми, според информациите и во Охрид и Штип.

Во Охрид, каде партијата на Груевски на последните локални избори беше максимално посветена да го освои градот, сега според информациите има сериозни внатрепартиски проблеми. Амбиции за градоначалник имаат Никола Бакрачевски, Атанаско Михаилов, Сашо Василевски, пратеникот кој на јавноста и стана познат по крвавиот четврток. Претходно во општинскиот комитет на партијата според информации имаше и вербален инцидент кој за малку не прераснал во физичка пресметка и тоа токму на тема локални избори. Во меѓувреме еден од поистакнатите членови на партијата во градскиот совет на Охрид, Дејан Паноски соопшти дека се повлекува од партијата и политиката. Тензично за ВМРО ДПМНЕ е и во Штип, партијата се уште нема став дали ќе го кандидира Илчо Захариев, против кого членството во Штип има отпор, а таквиот став му бил пренесен и на Груевски. Осевен Захариев, јавноста шпекулира и со името на пратеникот Трајче Димков, како можен кандидат за градоначалник. СДСМ, во Штип веќе пресече, кандидат за градоначалник е Благоја Бочварски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e