Пред 7 месеци, Груевски тврдеше дека е невозможно „Македонски/Macedonian“ во договорот со Грција – сега е реалност

Во интервју за „Република“ објавено на 16 ноември 2017, екс-премиерот Никола Груевски, додека се уште беше претседател на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за преговорите за името со Грција, велејќи дека членството во НАТО бил приоритет и на неговата влада, но дека пречка за реалзиација на овој наш стремеж биле нашето име и идентитет.

Еве го тој дел од интервјуто:

Велите и идентитет?

ГРУЕВСКИ: Да, Името е дел од идентитетот, и намерата е идентитетот да ја следи судбината на името, на еден или на друг начин.

Што значи тоа, на „на еден или на друг начин“?

ГРУЕВСКИ: Грција не прифаќа да имаме договор кој би го поминале во нивниот парламент, во кој нашиот јазик и националност би се напишале на англиски како „македонски“, односно macedonian. Тоа значи дека не е подготвена да го прифати нашиот идентитет, и бара, и ќе бара, разни форми за тоа да не се случи. Една од тие форми е и во договорот воопшто да не се третира идентитетот преку формата на името, на јазикот и на нацијата. Тоа кај нас би требало да предизвика радост, поточно да се продаде дека не сме го смениле идентитетот, но, во реалноста нема да е така, затоа што Грција нема да дозволи никаде во меѓународните политички институции да пишува Macedonian за нашиот јазик или нација. Сега веќе, со оваа нова власт и тоа би поминало.

======================

Сега, пак, во договорот што го усогласија двајцата премиери Заев и Ципрас, ова прашање е решено и тоа во полза на Македонија, односно нашата држава го добива правото да ја користи придавката „македонски“ и за јазикот и за се што произлегува од идентитетот и јазикот, секаде ќе се употребува македонски, македонска, македонско со превод на сите јазици, вклучително и на англиски како „macedonian“. Јазикот ќе биде македонски/macedonian без фусноти, националноста е македонска/граѓанин на Република Северна Македонија (Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia).

Сепак, Груевски сега, во реакциите објавени на својата Фејсбук страница по објавување на договорот не даде поддршка ниту за целосниот договор, ниту за овој дел од договорот, за кој во интервјуто пред 7 месеци тврдеше дека нема да биде во корист на македонската страна. Напротив, тој напиша дека „содржината на овој договор е национална катастрофа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e