Прашањето за името – клучно за стабилностa на регионот

Процесот за решавање на спорот за името е од исклучителна важност за идната стабилност на земјата и регионот, вели амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски. Експерти велат дека со зголеменото руско влијание, ќе расте и поддршката на Западот за решавање на прашањето за името.

Русија извршува многу агресивна политика кон Западот и прави обиди кои имаат цел да го променат меѓународниот поредок, не земајќи ги предвид меѓународните обврски, вели полскиот амбасадор во Македонија, Јацек Мултановски, во интервју за Радио Слободна Европа кое ќе се емитува в недела.

Тој потенцира дека Полска, како земја членка на Европската унија и НАТО, сака да има дијалог и прагматични односи со Русија, но посочува оти истовремено мора да се почитува меѓународното право.

„Тоа треба да го запомниме и тоа ние го очекуваме кога мислиме на дијалог со Русија. Меѓународниот поредок треба да биде соодветен, не е изненадувачки ако кажеме дека многу работи за нас се загрижувачки и оти забележуваме некои активности на руската политика во однос на балканскиот регион“, вели Мултановски.

Целиот текст на Радио Слободна Европа прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e